Детски раскази - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Детски раскази PDF Печати Е-пошта

Автори: Елена Велјановска, Рената Јовановска, Кирил Спасевски, Елена Накова, Зејнеп Емурлаи, Гоце Ефтовски, Дуда Ибраим, Катерина Тољкова, Андријана Цековска, Исмаил Камбери, Марија Спировска, Јасна Близнаковска, Терзиева Оливера, Мина Ефремовска, Оливера Донева, Милена Паговска, Сања Ќипреска, Сирма Спировска, Анета Атанасова,
Јулкица Секуловска, Огнен Ѓорѓиевски Павле Беловски, Слаѓана Паневска
Дата: 2006 година
ISBN: 9989-102-1
PDF:
detski-raskazi-2006.pdf

Детски расказиСекој има свој празник, свој голем ден, за Ромите тој ден е Осми април - Светскиот ден на Ромите. Зближувањето меѓу луѓето најдобро се забележува преку благородноста, преку доброто кое човекот го прави за другите луѓе, оттука произлегува и неговата големина.

Поаѓајќи од важните датуми кои им се случуваат на луѓето, Министерството за образование и наука, Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Бирото за развој на образованието, МЦМС и Институтот отворено општество својот придонес во чествувањето на овој значаен датум за Ромите го дадоа преку вклучување и на учениците од основното и средното образование во Република Македонија.

,,Да бидеш Ром: дома, на училиште, во општеството” и ,,Ромите во 21 век: како живеат и како другите ги доживуваат” беа темите на кои пишуваа учениците и каде што беа преточени креативниот дух, добрата мисла и искрениот збор. Искреноста, сочувството, желбата да му се помогне на другарот беа основните мотиви кои доминираа во творбите.

Учениците со голема почит, топлина и човечност пишуваа за судбината на Ромите, се поистоветуваа со нив, се идентификуваа, се обидуваа да им помогнат. Во дел од творбите (а тоа го откривме преку разговорот со наградените) е отсликан реалниот, тежок живот со кој се соочуваат децата Роми. Премногу емоции беа испреплетени низ текстовите, на моменти се чувствуваше горчина во душата, но и искра надеж дека сепак нешто може да се промени, дека не е сé така црно. ,,Веселиот народ”, како што го нарекоа во свои творби некои ученици, треба да се интегрира во општеството, да ги снема тажните лица кои талкаат по улиците, несреќните деца кои милно гледаат и...

Навистина беше тешко да се изберат најдобрите затоа што сите беа добри. Она што го доживеа комисијата додека ги читаше текстовите и додека се обидуваше да ги одбере, условно кажано, најдобрите преку оваа книга ќе имаат можност да го доживеат повеќе луѓе. Имавме чест да бидеме дел од тимот кој работеше за овој ден на Ромите и чувствуваме долг кон сите деца дека навистина за нив секогаш треба да правиме најмногу што можеме.

Од жири комисијата

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја Детски раскази