Користење на Конвенцијата на ОН против корупција за унапредување на антикорупциските напори: Водич |
Автори: Жилиан Дел, Мари Теракол соработници: Џудит Коста, Ребека Добсон Публикацијата „КОРИСТЕЊЕ НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ОН ПРОТИВ КОРУПЦИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АНТИКОРУПЦИСКИТЕ НАПОРИ: ВОДИЧ“ е подготвена од страна на УНКАК Коалиција и Транспаренси Интернатионал. Намената на овој документ е да им помогне на граѓанските организации (ГО) при изготвувањето паралелни извештаи за ревизија на Конвенцијата на ОН против корупција (УНКАК). Во него се вклучени: Збирка од насоки кои се осврнуваат на клучните прашања и предложен урнек на извештајот со насоки на крајот на секој дел. Студијата е преведена во рамки на проектот Следење на антикорупциските реформи“ спроведен од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество со поддршка на Европската унија.
|