| Граѓанското општество и Владата на патот кон ЕУ |   |   |   | 
| Понеделник, 25 октомври 2010 08:43 | |||
| Соработката меѓу граѓанското општество и Владата во процесот на ЕУ интеграцијата беше темата на конференцијата која се одржа на 21 октомври во Приштина, Косово, во организација на Косовската фондација за граѓанско општество. На конференцијата учествуваше и Бесим Беќај, Министер за европска интеграција (МЕИ) на Косово. 
 Учесниците од регионот ги споделија искуствата од своите земји: Сашо Клековски, МЦМС, за Македонија; Игор Видачак, Оддел за соработка со ГО, за Хрватска и Далиборка Уљаревиќ, Центар за граѓанско образование, за Црна Гора. Конференцијата е придонес во градењето на политиките за соработка на граѓанското општество и Владата во Косово и почеток на нова соработка меѓу МЕИ и граѓанското општество на Косово. Cooperation between Civil Society and the Government  in the European Integration Process
 View more presentations from МЦМС | MCIC. 
 |