Злосторство без казна |
Вторник, 05 октомври 2010 08:28 | |||
На 13 октомври 2010 година, во 11 часот, во хотелот Континентал, МЦМС ќе организира расправа за корупцијата во Македонија. На расправата ќе биде презентиран извештајот за борбата против корупцијата и организираниот криминал во Бугарија наречен „Злосторство без казна“. Расправата може да се следи во живо на интернет на следниов линк http://www.mcms.org.mk/vozivo Воведничари на расправата ќе бидат: Снежана Мојсова, министерство за правда, Марија Јорданова, директор на правната програма во Центарот за проучување на демократијата од Бугарија, Илми Селами,претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС и Сашо Клековски, прв извршен директор на МЦМС. МЦМС реши да го ре-издаде извештајот со надеж дека ќе придонесе кон анализа на политики и расправи за едно од битните општествени прашања - корупцијата. Имајќи ги предвид социо-економскиот, политичкиот и културниот контекст во Бугарија и Македонија, а воедно имајќи ја предвид насоката во која се движат и двете земји (Бугарија членка на ЕУ, а Македонија кандидат за членство во ЕУ) МЦМС сака со овој извештај да и предочи на македонската јавности дали и како новите земји членки на ЕУ се справуваат со борбата против корупцијата и кои се основните предизвици за сузбивање на корупцијата.
|