Расте довербата во државата, владата и во дел од институциите и професиите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Расте довербата во државата, владата и во дел од институциите и професиите PDF Печати Е-пошта
Петок, 21 ноември 2008 12:12

doverba-vo-go-2008[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат ја истражуваше општата доверба, довербата во институциите и довербата во граѓанското општество. Во ова соопштение ви го презентираме првиот дел од истражувачкиот извештај.

Македонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат ја истражуваше општата доверба, довербата во институциите и довербата во граѓанското општество. Во оваа соопштение ви го презентираме првиот дел од истражувачкиот извештај.

Истражувањето покажа дека во Македонија е релативно ниска општата доверба и довербата во институциите. Граѓаните имаат висока доверба во сличните - доверба во семејството (97.8%) и пониска општа доверба (23.1 %) и доверба во институциите.

Индексот на доверба на институциите е  43.9, со раст на довербата во државата (48.1%) и намалување на довербата во деловниот (47%), граѓанскиот сектор(41.7%) и во меѓународна заедница (42.8%). Медиумите (53.6%) и локалната самоуправа (44.7%) имаат стабилна доверба.

Образовните институции (65.8%), армијата (64.6%), полицијата (56.6%) и јавните здравствени организации (55.1%), ја имаат довербата на мнозинството, а јавните комунални претпријатија (38.8%) на малцинството. Претседателот (35.6%)  и Собранието на Македонија (38%) имаат поддршка на малцинството.  Граѓаните имаат најмалку доверба во судството (21.2%).

Се забележува понатамошен пораст на довербата во Владата (и на државата). Довербата во Владата е зголемена на 51% од 44.6% во 2007 година и 26,6 % во 2006 година. Довербата во Владата е зголемена кај етничките Македонци (на 56.2% од 46.3%), а е на исто ниво како претходно кај етничките Албанци (38.5%). Можна е поврзаност на порастот на довербата во Владата со порастот на довербата во државата на 48.1%, преку 38,6 % во 2007 година од 29,2 % во 2006 година.

Во однос на претходната година се забележува раст на довербата во јавни здравствени организации и во лекарите. Довербата во јавните здравствени организации е повисока за 6% и се зголемила на 55.1% од  49.1% во 2007 година. Лекарите имаат и поголем раст на довербата за 11.6% и таа се зголемила на 66.1% од 54.5% во 2007 година.

Кај деловниот сектор, граѓаните како и во претходните години искажуваат најголема доверба во микропретпријатијата (59,9%) наспроти малите и средните (48,9%), односно големите претпријатија (45,7%).

Што се однесува до довербата во граѓанското општество, граѓаните најголема доверба имаат во црквите и верските заедници (65.6 %), додека има поделеност во довербата кон граѓанските организации (41.2%). Мало малцинство граѓани имаат доверба во синдикатите (20.1%) и во стопанските комори (23.3%).

Довербата во професиите е во раст, посебно на професорите (71.1%), лекарите (66.8%) и цариниците (27.3%). Довербата во професорите и лекарите ја надминува довербата во институциите во кои работат. Исклучок е довербата во судиите (20.7%) која е во мал пад.

Повеќе информации за истражувањето можете да добиете тука или во МЦМС кај Гонце Јаковлеска 070/252 081.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Расте довербата во државата, владата и во дел од институциите и професиите