Македонија домаќин на 2-та средба на Заедничкиот консултативен комитет - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонија домаќин на 2-та средба на Заедничкиот консултативен комитет PDF Печати Е-пошта
Недела, 31 јануари 2010 16:58

На 25 февруари оваа година, во Скопје, во х. Холидеј ин, ќе се одржи втората средба на Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) на граѓанското општество на ЕУ и Република Македонија.

Македонија домаќин на 2-та средба на Заедничкиот консултативен комитет

Во првиот дел од средбата воведни излагања ќе имаат Сашо Клековски (МЦМС), ко-претседател на ЗКК, Владимира Дрбалова, ко-претседател на ЗКК, Васко Наумовски, заменик претседател на Владата на РМ за европски прашања, Џелал Бајрами, министер за труд и социјална работа и Ерван Фуере, специјален претставник и шеф на делегацијата на Европската комисија во РМ.

На средбата ќе се разговара околу напредокот на Република Македонија кон ЕУ и ќе бидат презентирани извештаите за социјалните и економските права.

ЗКК е заедничко консултативно тело кое има цел да ги набљудува односите помеѓу ЕУ и Република Македонија од гледна точка на граѓанското општество. ЗКК ќе ги промовира контактите и дискусијата помеѓу претставниците на граѓанското општество на двете страни по прашања од заеднички интерес.

Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) го сочинуваат 12 претставници од граѓанското општество од ЕУ и од Република Македонија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Македонија домаќин на 2-та средба на Заедничкиот консултативен комитет