More than 150 citizens on the first forum session for Radovis and Konce |
Wednesday, 21 October 2009 13:13 | |||
Граѓаните на Радовиш и Конче покажаа голем интерес за првата форумска сесија што се одржа на 8 октомври во Радовиш. Дојдоа да видат каде и како можат да се вклучат во подобрувањето на животот во нивните општини. Граѓаните ги поздравија претставниците на МЦМС и Единицата за координација на форумите, како и двајцата градоначалници. Во текот на форумската сесија тие се запознаа со идејата на форумите, со структурата, се поделија во работни маси на кои ќе ги водат дискусиите, ги усвоија правилата за работа на Форумот и го погледнаа документарниот филм за тоа како се спроведувале форумите во првите општини. Темата на дискусиите во следните форумски сесии ќе биде водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води. Граѓаните најмногу покажаа интерес да дискутираат за оваа тема од аспект на заштита на животната средина. Следната сесија ќе се одржи на 5 ноември 2009 година.
|