Неколку збора до Оли Рен |
Петок, 24 јули 2009 14:52 | |||
При посетата на Македонија, еврокомесарот Оли Рен имаше можност да ги слушне и размислувањата на дел од граѓанскиот сектор преку претставникот на Граѓанската платформа на Македонија, Александар Кражловски. Според Кржаловски, Комисијата треба да препорача почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ заради досегашните постигнувања, но и како поттик за понатамошни реформи. Постигнувањата ги истакна и комесарот Рен велејќи дека Македонија има постојан напредок во ЕУ агендата. Понатаму, според Кржаловски, „одложувањето станува контрапродуктивно“ и на крај „од аспект на самиот граѓански сектор“, вели Кржаловски, „сега нема посебен услов за тоа во 8-те одредници, што (и покрај напредокот) ги одложува реформите на тој план“.
На крај во обраќањето до Оли Рен Кржаловски потенцираше дека „оваа година на нашето полнолетство (која вие лани ја најавивте како многу важна за регионот) е вистинскиот момент за унапредување на односот во рамноправно партнерство, со почеток на преговорите за членство во ЕУ.“
|