Неколку збора до Оли Рен - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Неколку збора до Оли Рен PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 24 korrik 2009 14:52

При посетата на Македонија, еврокомесарот Оли Рен имаше можност да ги слушне и размислувањата на дел од граѓанскиот сектор преку претставникот на Граѓанската платформа на Македонија, Александар Кражловски.

Неколку збора до Оли Рен

Според Кржаловски, Комисијата треба да препорача почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ заради досегашните постигнувања, но и како поттик за понатамошни реформи.

Постигнувањата ги истакна и комесарот Рен велејќи дека Македонија има постојан напредок во ЕУ агендата. Понатаму, според Кржаловски, „одложувањето станува контрапродуктивно“ и на крај „од аспект на самиот граѓански сектор“, вели Кржаловски, „сега нема посебен услов за тоа во 8-те одредници, што (и покрај напредокот) ги одложува реформите на тој план“.

На крај во обраќањето до Оли Рен Кржаловски потенцираше дека „оваа година на нашето полнолетство (која вие лани ја најавивте како многу важна за регионот) е вистинскиот момент за унапредување на односот во рамноправно партнерство, со почеток на преговорите за членство во ЕУ.“

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Неколку збора до Оли Рен