Истражување на општествената одговорност на граѓаните - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Истражување на општествената одговорност на граѓаните PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 29 декември 2008 13:31

Просечната оценка за јавниот дух на граѓаните на Република Македонија (исполнување на законските должности кон општеството) според показателите од Прегледот на светските вредности за Република Македонија изнесува 2,61. Ова покажува дека македонското општество се карактеризира со низок степен на јавен дух. Со истражувањето на МЦМС за довербата и добротворството во Македонија од 2006 година се потврдува дека граѓаните сметаат дека државата е најодговорна во решавањето на општествените потреби и дека „другите“ се „себични“. Граѓаните скоро и да немаат очекувања за социјална одговорност на претпријатијата. Според истото истражување многу граѓани даруваат, но нередовно и мали суми.

kmf104Општа цел на проектот беше придонес кон финансиската одржливост на МЦМС преку јакнење на јавната свест за  одреден актуелен проблем и негово ублажување или решавање.
Целта на проектот беше да се испита состојбата со општествената одговорност на граѓаните на Република Македонија.

Целна група на проектот се граѓаните на Република Македонија. Директни корисници се околу 6000 граѓански организации во Република Македонија и други актери од општеството. Целното подрачје е Република Македонија. Проектот ќе се спроведува во Скопје, а дел од активностите во повеќе населени места во земјата.

Целна група на проектот беа граѓаните на Република Македонија. Директни корисници беа околу 6000 граѓански организации во Република Македонија и други актери од општеството. Целното подрачје беше Република Македонија, а проектот се спроведе во Скопје, а дел од активностите во повеќе населени места во земјата.

Постигнати резултати се добиените податоци за: јавниот дух (почитување на законската обврска) на граѓаните; учеството на граѓаните во политички непартиски активности; волонтерската активност на граѓаните во заедницата; учеството и активирањето на граѓаните во организациите на граѓанското општество; и добротворното давање на граѓаните.

Проектот се спроведе преку следните активности:

а) Анкета за општествената одговорност на граѓаните

Анкетата беше спроведена во декември 2007 година, на репрезентативен примерок од 1.607 испитаници. Прашалникот беше подготвен од страна на МЦМС во координација со Институтот за социолошки и правно-политички истражувања. За исполнување на целите на истражувањето, со прашалникот беа опфатени следните варијабли:

  • Јавниот дух (почитување на законската обврска) на граѓаните;
  • Учеството на граѓаните во политички непартиски активности на граѓаните;
  • Волонтерската активност на граѓаните во заедницата;
  • Учеството и активирањето на граѓаните во организациите на граѓанското општество;
  • Добротворното давање на граѓаните;
  • Социо-демографски карактеристики.

б) Извештај за општествената одговорност на граѓаните

Извештајот беше подготвен врз база на наодите од анкетата од страна на МЦМС. Истиот беше отпечатен на македонски јазик во 800 примероци, а во електронска верзија е достапен на македонски и англиски јазик на 200 компакт дискови и на веб сајтовите на МЦМС и Граѓански свет.

Планираниот период на спроведување беше 1 ноември 2007 – 29 февруари 2008 година.

Во јануари 2008 година се организираше промоција на извештајот, на кој присуствуваа повеќе електронски и печатени медиуми, како и повеќе претставници на граѓанските организации и државните институции.

МЦМС го координираше и набљудуваше спроведувањето на проектот.

Проектот беше финансиран од Службата за црковен развој (ЕЕД). Буџетот изнесуваше 612.540,5 денари.

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Истражување на општествената одговорност на граѓаните