Адресар на верските заедници во Македонија |
Среда, 02 јули 2008 13:25 | |||
Одговорен уредник: Александар Кржаловски Адресарот има за цел да ја подобри информираноста за црквите, верските заедници и религиозните групи во Македонија, како меѓу нив самите, така и кај пошироката јавност. Ова е една од целите на програмата Меѓурелигиска соработка во Македонија (ПРМ), во чии рамки е овозможено печатењето на овој адресар. Со Адресарот се опфатени 23, од вкупно 25 верски заедници, регистрирани во Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи во Република Македонија, според Законот за верските заедници и религиозните групи (Сл. весник 37/1997-1426). Со оглед на тоа што едната од овие две неопфатени верски заедници не ги обновила податоците од првичното регистрирање, а другата е во процес на пререгистрација во здружение на граѓани, може да се смета дека Адресарот обезбедува целосна опфатеност. Адресарот е издаден на македонски јазик, а во скратена верзија и на албански и англиски јазик. Адресарот е публикуван благодарение на интензивната и добра соработка со сите цркви, верски заедници и религиозни групи во Македонија, а особено со членките на Управувач ката група и Издавачкиот совет за програмата ПРМ: Македонската православна црква (МПЦ), Исламската заедница во Република Македонија (ИЗ), Католичката црква (КЦ), Евангелско-методистичката црква (ЕМЦ) и Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ). Основните податоци за контакт ги обезбеди Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Македонија. Издавањето финансиски го поддржаа Данската црковна помош и Норвешката црковна помош.
|