Балканска мрежа за развој на граѓанско општество 2004-2006 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Балканска мрежа за развој на граѓанско општество 2004-2006 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 24 јуни 2008 10:14

bnt-programaБЦСДН е мрежа на 14 граѓански организации од 10 земји на Балканот (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Романија, Словенија и Србија).

Главна цел на мрежата е јакнење на напорите за координација, соработка и градење на капацитети помеѓу организациите членки и останати партнери во Југо Источна Европа (ЈИЕ). МЦМС раководи со програмата БНТ и е Секретаријат на мрежата.

Целта на Програмата беше да ги зголеми индивидуалните и организациски капацитети на релевантните НВО од Балканот и нивната соработка.

Целна група беа членките на БСЦДН (АЦСФ, ДА, МЦИЦ, ПФ, ЊАД, ЦензураПлус, ЕОС, ЕХО, АИДРом, ОАР, ЦРНВО, ЦНВОС, КЦСФ, ВЕСТА), други релевантни граѓански организации и јавноста.

Главните активности беа координација, градење капацитети и размена на информации во две области на заеднички интерес ЕУ застапување и мобилизација на фондови; мобилизација на ресурси. Делумно се реализираа и активности од специфични области како што е децентрализација и ѓаконски практики. Активности од заеднички интерес беа предводени и реализирани од страна на МЦМС (како Секретаријат), додека специфични теми беа реализирани преку работни групи.

Според оценката на Програмата “мрежа значително придонесе кон преку-гранична соработка и е добро позиционирана за развој на понатамошна соработка меѓу членки во иднината.“

Проекти:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Балканска мрежа за развој на граѓанско општество 2004-2006