Советот го избра новиот Управен одбор |
Среда, 20 мај 2009 11:06 | |||
На 19 мај оваа година Советот на МЦМС ја одржа својата втора седница. На седницата, Советот го усвои Деловниот извештај за 2008 година со финансискиот извештај и извештајот на ревизорите и ги избра членовите на новиот Управен одбор на МЦМС. Новоизбраните членови на Управниот одбор се: Билјана Герасимовска – Китановска, Бехиџудин Шехапи (од редот на граѓански организации); Ѓоко Ѓорѓевски (МПЦ), Јагуп Селимовски (ИВЗ) (од редот на црквите и верски заедници); Ризван Сулејмани (од редот на институциите за истражување и развој); Кочо Анѓушев (од редот на приватниот сектор); Горан Михајловски и Славко Велевски (од редот на други и неспомнати предлагачи). Мандатот на УО на МЦМС е од 2009 до 2013 година.
|