Консултативна работилнца за АДКОМ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Консултативна работилнца за АДКОМ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E diel, 08 mars 2009 10:22

МЦМС заедно со Асоцијацијата на даватели на комунални услуги на РМ (АДКОМ) одржа консултативна работилница за дефинирање на приоритетите за реформи во комуналниот сектор и за подобрување на работата на Јавните комунални претпријатија (ЈКП). На работилницата учествуваа членовите на Управниот одбор на АДКОМ, а беше присутен и Ојстин Хауген, директор за меѓународни проекти на КС - Норвешка Асоцијација на Локални и Регионални Власти од Норвешка.

Консултативна работилнца за АДКОМ

Главните цели на работилницата беа да се идентификуваат  стратешките насоки за формулација на апликација за подобрување на работата на ЈКП; да се дефинираат клучните елементи кои ќе бидат опфатени со предлог проектот и да се воспостават институционални контакти и соработка со претставниците на КС.

На работилницата беше направена анализа на потребите и приоритетите со фокус на неколку области: владини политики и секторски стратегии (водовод, пречистување на отпадните води, канализација и управување со цврст отпад); подобрено финансиско управување; структурна промена на комуналните претпријатија; јавно приватно партнерство; зајакната регулација; системско вреднување и подигање на јавната свест.

Апликацијата треба да ја подготват АДКОМ и КС.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Консултативна работилнца за АДКОМ