Прирачник за граѓански организации - Односи со медиуми - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Прирачник за граѓански организации - Односи со медиуми PDF Печати Е-пошта
Среда, 12 март 2008 14:03

Автор: Кристина Плавшак-Крајнц
Дата: 2007 година
ISBN: 978-9989-102-46-2
PDF:
bgp-br4-odnosi-so-mediumi-priracnik-za-gragjanski-organizacii-2007.pdf

Прирачник за граѓански организации - Односи со медиумиПовеќето граѓански организации (ГО) имаат различно искуство со медиумите и новинарите. Често пати, активности, проекти и залагања на ГО се игнорирани, лошо разбрани или погрешно презентирани.

Овој прирачник има намера да даде одговор на најчесто поставуваните прашања, сомнежи и погрешни мислења за медиумите, во процесот на соработка и комуникација со нив. Прирачникот се базира на забелешките подготвени на работилниците за односите со медиумите за ГО, одржани во Тирана (Албанија), 8-10 февруари 2007 г., и Нови Сад (Србија), 1-3 март 2007 г. Истиот вклучува корисни повратни информации, преглед на богатото искуство и илустративни студии, од страна на учесниците на работилниците во земјите од Западниот Балкан. Овој прирачник треба да им послужи на ГО од регионот како “прибор за прва помош” со основни алатки за соработка со медиумите. Сепак, истиот нема амбиции да понуди универзален рецепт или магична формула како да се дојде до првата страница во весниците или во ударните пет минути на главните телевизиски вести. Со цел да се осигурат ефикасни и квалитетни односи со медиумите, ГО во регионот треба да бидат креативни, инвентивни, флексибилни, отворени и позитивни, карактеристики кои веќе се дел од нивните проекти, иницијативи, секојдневни напори и работа.

Воведното поглавје се однесува на важноста на медиумите и односите со медиумите за ГО. Второто поглавје го опишува специфицичниот карактер и функционирање на медиумите – во однос на расудување, правила и начини. Третото поглавје обезбедува предлози за најдобриот начин на комуникација со медиумите и како да се организира соработката на ГО со медиумите. Во него се презентирани неколку алатки и техники за односи со медиумите - соопштение за јавноста, прес-конференција, интервју и настани организирани за медиумите.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Прирачник за граѓански организации - Односи со медиуми