Капацитети за недискриминација - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Капацитети за недискриминација PDF Печати Е-пошта
Четврток, 19 Февруари 2009 11:40

И оваа година МЦМС ќе продолжи со активностите за градење на капацитетите за човекови права и недискриминација на клучните актери.

kapaciteti-za-nediskriminacija

Обуки од областа на човековите права и недискриминацијата ќе се организираат за членките на коалицијата за недискриминација како и за државните службеници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за правда, Министерство за внатрешни работи, центрите за социјална заштита, институцијата Народен правобранител и други.

МЦМС ќе организира и две студиски посети. Тие треба да придонесат кон зајакнување на свеста и кон градење на капацитетите на одговорните државни службеници за потребата од тело за заштита од дискриминација кое ќе ги исполнува Париските принципи.

Првата студиска посета ќе биде на Агенцијата за фундаментални права (ФРА) во Виена, а во втората ќе биде посетена земја од регионот од која може да се научат лекции од нивното искуство при воспоставување на вакво тело и при примена на законодавството кое се однесува на заштитата од дискриминација. На студиските посети ќе учествуваат државните службеници, но и правни експерти и претставници на граѓанските организации.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Капацитети за недискриминација