Постигнувањата во 2005 и плановите за 2006 |
Среда, 07 јуни 2006 01:00 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка од 8 до 14 јуни оваа година ги реализираше “Отворените денови на МЦМС” на кои ги презентираше постигнувањата во 2005 година и плановите за 2006 година.
“Сметавме дека треба да направиме директни контакти со луѓето и лично да им кажеме кои се нашите резултати во претходната и што планираме да направиме во оваа година”, рече Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС на средбата со новинарите со која всушност и започнаа овие презентации. “Иако нашите активности се одвиваат на целата територија на Македонија, ова е првиот одбид и презентациите да ги децентрализираме”, додаде тој. Презентациите беа наменети за граѓанските организации, локалните самоуправи и медиумите. Освен МЦМС, своите постигнувања и планови ги презентираше и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и локалните партнери во секој од градовите: ХДЗР “Месечина” од Гостивар, Центарот за граѓански иницијативи од Прилеп, ЦРЗ “Дром” и РОЖМ “Даја” од Куманово и “Нов живот” од Штип.
|