Постигнувањата во 2005 и плановите за 2006 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Постигнувањата во 2005 и плановите за 2006 PDF Print E-mail
Wednesday, 07 June 2006 01:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка од 8 до 14 јуни оваа година ги реализираше “Отворените денови на МЦМС” на кои ги презентираше постигнувањата во 2005 година и плановите за 2006 година.
Презентациите беа направени во Гостивар, Прилеп, Куманово, Штип и во Скопје.

 

u1



“Сметавме дека треба да направиме директни контакти со луѓето и лично да им кажеме кои се нашите резултати во претходната и што планираме да направиме во оваа година”, рече Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС на средбата со новинарите со која всушност и започнаа овие презентации. “Иако нашите активности се одвиваат на целата територија на Македонија, ова е првиот одбид и презентациите да ги децентрализираме”, додаде тој.

u2

Презентациите беа наменети за граѓанските организации, локалните самоуправи и медиумите. Освен МЦМС, своите постигнувања и планови ги презентираше и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и локалните партнери во секој од градовите: ХДЗР “Месечина” од Гостивар, Центарот за граѓански иницијативи од Прилеп, ЦРЗ “Дром” и РОЖМ “Даја” од Куманово и “Нов живот” од Штип.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Постигнувањата во 2005 и плановите за 2006