Промовирани шест публикации за децентрализацијата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промовирани шест публикации за децентрализацијата PDF Печати Е-пошта
Петок, 31 март 2006 01:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 31 март 2006 година, во 12 часот во Холидеј ин во Скопје ги промовираше шесте публикации за децентрализација на авторот Сотир Костов.

i1

Издавањето на публикацијата: “Нов јавен менаџмент” и серијата прирачници: “Како до ефективна локална самоуправа” што ги опфаќа насловите: “Децентрализацијата-наша цел”; Како да комуницираш, преговараш и одлучуваш за да бидеш лидер”; “Граѓанска партиципација-комуникација помеѓу локалната самоуправа и граѓаните”; “Како до добра управа” и “Менаџмент на проекти” финансиски го поддржа Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Публикациите имаат за цел да ја подобрат информираноста на општините и заедниците за начините како успешно да се спроведе процесот на децентрализација и изгради ефективна локална самоуправа во Македонија.

 

i2


Публикациите се наменети за локалните функционери и службеници, институциите и организациите кои работат на полето на успешната реорганизација на локалната самоуправа и за обичните граѓани кои се активни чинители во своите зедници.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Промовирани шест публикации за децентрализацијата