Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025 PDF Печати Е-пошта
Петок, 13 јуни 2025 08:44

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со фокус на зголемена транспарентност, кредибилитет и инклузивност. Конкретна целе да се зајакнат граѓанските организации во нивното активно учество и ангажираност за инклузивни, транспарентни и отчетни локални избори со фокус на учеството на жените, младите и маргинализираните групи.

mcms web 2

Добитници на акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025 се:

  1. Младински културен центар – Битола
    • Наслов на проект: Активни граѓани за фер и транспарентни локални избори
  1. Хелсиншки комитет за човекови права
    • Наслов на проект: Мониторинг на говорот на омраза – гаранција за демократски избори
  1. Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје
    • Наслов на проект: Фер трошење за фер избори: Следење на јавните набавки на општините во изборната година
  1. Здружение- Балкански Институт за регионална соработка, Тетово
    • Наслов на проект: Гласови на еднаквост, демократија за сите
  1. Сојуз – Национален совет за родова рамноправност
    • Наслов на проект: Моја иднина, мој избор – зајакнати жени и девојки за транспарентни и инклузивни локални избори 2025 година
  1. Центар за истражување и анализи НОВУС, Струмица
    • Наслов на проект: “Изборен Навигатор за зајакнување на демократијата и изборниот процес во С. Македонија”
  2. Рурална Коалиција, Кичево
    • Наслов на проект: Руралните заедници за отворени и отчетни избори
  3. Институт за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, Скопје
    • Наслов на проект: ПАКТ – Подмладоци за активна комуникација и толеранција
  4. Центар за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА, Битола
    • Наслов на проект: Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор
  5. Асоцијација Институт за социјална промена – ИНСОК во партнерство со Здружение за права и хуманост Интегра Нау Скопје
    • Наслов на проект: Фер избори – можности за помалите заедници
  6. РЕАКТОР – Истражување во акција
    • Наслов на проект: Локални гласови за демократија: Моќ, влијание и еднаквост во пракса

Со вкупен фонд од околу 110.000 евра, овие грантисти ќе придонесат за зајакнување на граѓанските организации и граѓаните, преку нивно активно учество и ангажирање во мониторингот на Локалните избори во октомври 2025 година. Покрај набљудувањето на изборниот процес, овие грантисти ќе работат на справување со различни предизвици, вклучително и мониторинг на говор на омраза, хибридни закани во дигиталниот простор, мониторинг на јавните набавки од страна на општините во изборната година, но и ќе се фокусираат на специфични целни групи како што се жените, младите, вклучувањето на малцинските групи како Ромите, руралните заедници, лицата со попреченост итн.

На јавниот повик беа поднесени вкупно 40 апликации, од кои 36 ја поминаа проверката на административната усогласеност и подобноста и беа оценувани од страна на Комисијата за оценка на апликации за квалитетот на поднесената апликација, согласно критериумите за оценка дадени во Упатството за аплицирање.

На идните грантисти им честитаме за успешните проектни апликации и им посакуваме среќа и успешна реализација на проектните активности!

Овие субгрантови се доделени во рамки на ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонски центар за меѓународна соработка, Асоцијација за демократски иницијативи АДИ од Гостивар и Медиа плус Штип.


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025