Повик за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025 |
![]() |
![]() |
![]() |
Петок, 21 Февруари 2025 16:35 |
Општата цел на овој повик е да придонесе за зајакнување на демократијата во Република Северна Македонија преку подобрен изборен процес со фокус на зголемена транспарентност, кредибилитет и инклузивност. Конкретна цел на овој повик е да ги зајакне граѓанските организации во нивното активно учество и ангажираност за инклузивни, транспарентни и отчетни локални избори со фокус на учеството на жените, младите и маргинализираните групи. Во најава на претстојните Локални избори во 2025 година во земјата, овој повик има за цел да ги поддржи иницијативите кои ги зајакнуваат демократските практики и промовираат фер и инклузивни изборни процеси со вклученост на граѓанското општество во набљудувањето на изборите.
Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик за грантови изнесува 110.000 евра. Со овој повик ќе се доделат 11 грантови, каде износот на секој поединечен грант може да биде:
Организациите кои ќе поднесат апликација на овој повик не се обврзани да обезбедат кофинансирање. Грантот ќе покрие 100% од вкупните подобни трошоци. Времетраењето на акцијата не може да биде пократко од 9 месеци ниту подолго од 12 месеци. Рокот за поднесување на апликација е 10 април 2025 година, најдоцна до 17:00 часот (македонско време). Апликациите треба да се достават исклучиво на следнава е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите како единствена е-порака со наслов „Повик за апликации – акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025“. Целосните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање. Потребни документиПополнет формулар за аплицирање (преземи го формуларот тука) и следниве прилози:
Секое прашање поврзано со повикот може да се достави на следнава е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со назнака: Прашање за повик со референтен број 08-20/1-2025, најдоцна до 20 март 2025 г. до 17:00 часот (македонско време). Прашања и одговориОдговори на поставени прашања во врска со повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025 ПРЕЗЕМИ прашања и одговори пристигнати на линијата за поддршка Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите до предвидениот рок 20.03.2025 г. и поставени за време на информативната сесија одржана онлајн на 04.03.2025. Информативни сесииЗа овој повик на предлози е предвидена една онлајн информативна сесија на 04 март 2025 г. во 11:00 часот. Ве молиме задолжително да го најавите своето присуство за информативната сесија најдоцна до 3 март 2025 година на https://rcgo.mk/vesti/povik-za-akciski-grantovi-za-poddrshka-na-lokalnite-izbori-2025/ . |