Општина Сарај и МЦМС заедно ќе работат на зајакнување на заедниците - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Општина Сарај и МЦМС заедно ќе работат на зајакнување на заедниците PDF Печати Е-пошта
Петок, 30 мај 2025 12:49

Градоначалникот на општина Сарај, Иљас Весељи и директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски, денес, 30 мај 20205 година, потпишаа Меморандум за соработка.

501798015 1171029185067052 7571106028423255402 n1

Меморандумот вклучува размена на податоци и спроведување на неколку активности посветени за засилувањето на отпорноста на локалните заедници, и подобрување на соработката на општината и граѓанските организации. Активностите ќе вклучат соработка и зајакнување на Локалниот совет за превенција, настани во заедницата, активности со млади, работилница за наставници, размена на искуства и сл. Дел од Меморандумот се и партнерските организации на МЦМС, Нексус-граѓански концепт и Плиадес кои ќе спроведуваат дел од активностите.

МЦМС и општина Сарај соработувале и во претходните години тогаш на проекти поврзани со подобрувањето на инфраструктурата во општината и зајакнување на капацитетите на вработените во општината и во јавните претпријатија. Досегашната соработка не прави оптимисти за успешно спроведување на активностите кои се насочени кон подобрување на животот на граѓаните на општината.

Активностите што ќе бидат спроведени се дел од   програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ кој го поддржува Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедниците (ГЦЕРФ).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Општина Сарај и МЦМС заедно ќе работат на зајакнување на заедниците