Општина Сарај и МЦМС заедно ќе работат на зајакнување на заедниците |
![]() |
![]() |
![]() |
Friday, 30 May 2025 12:49 | |
Градоначалникот на општина Сарај, Иљас Весељи и директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски, денес, 30 мај 20205 година, потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот вклучува размена на податоци и спроведување на неколку активности посветени за засилувањето на отпорноста на локалните заедници, и подобрување на соработката на општината и граѓанските организации. Активностите ќе вклучат соработка и зајакнување на Локалниот совет за превенција, настани во заедницата, активности со млади, работилница за наставници, размена на искуства и сл. Дел од Меморандумот се и партнерските организации на МЦМС, Нексус-граѓански концепт и Плиадес кои ќе спроведуваат дел од активностите. МЦМС и општина Сарај соработувале и во претходните години тогаш на проекти поврзани со подобрувањето на инфраструктурата во општината и зајакнување на капацитетите на вработените во општината и во јавните претпријатија. Досегашната соработка не прави оптимисти за успешно спроведување на активностите кои се насочени кон подобрување на животот на граѓаните на општината. Активностите што ќе бидат спроведени се дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ кој го поддржува Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедниците (ГЦЕРФ).
|