Средба на високо ниво - Борба против корупцијата: Иновации против нелегалната моќ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Средба на високо ниво - Борба против корупцијата: Иновации против нелегалната моќ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 14 април 2025 10:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Центарот за изучување на демократијата од Бугарија, во име на СЕЛДИ мрежата, организираат настан насловен „Средба на високо ниво -  Борба против корупцијата: Иновации против нелегалната моќ“.

Sredba na visoko nivo Borba protiv korupcijata Inovacii protiv nelegalnata mokj

Настанот ќе ги обедини носителите на политики, претставници на граѓанското општество и меѓународната развојна заедница, кои ќе дискутираат за иновативни идеи и итни мерки за повторно ангажирање на владите во борбата против заробеноста на државите, нелегалните финансиски текови и стратешката корупција.

Поврзувајќи ги локалните антикорупциски иницијативи со глобалните и регионалните политики, средбата ќе ги оспособи граѓанските организации од Западен Балкан со знаења за глобалните трендови во борбата против корупцијата, промените во донаторските стратегии и влијанието на геополитичките промени, вклучително и процесот на пристапување во ЕУ.

Подетални информации за програмата може да се најдат во Агендата.

Настанот се организира во рамки на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)”, финансиран од Европската Унија.

???? Настанот ќе се пренесува во живо преку ZOOM и Facebook.
???? Регистрирајте се за онлајн учество преку следниот линк: https://forms.gle/PiJXQPw7gpQjiood6


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Средба на високо ниво - Борба против корупцијата: Иновации против нелегалната моќ