Средба на високо ниво - Борба против корупцијата: Иновации против нелегалната моќ |
![]() |
![]() |
![]() |
E hënë, 14 prill 2025 10:00 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Центарот за изучување на демократијата од Бугарија, во име на СЕЛДИ мрежата, организираат настан насловен „Средба на високо ниво - Борба против корупцијата: Иновации против нелегалната моќ“. Настанот ќе ги обедини носителите на политики, претставници на граѓанското општество и меѓународната развојна заедница, кои ќе дискутираат за иновативни идеи и итни мерки за повторно ангажирање на владите во борбата против заробеноста на државите, нелегалните финансиски текови и стратешката корупција. Поврзувајќи ги локалните антикорупциски иницијативи со глобалните и регионалните политики, средбата ќе ги оспособи граѓанските организации од Западен Балкан со знаења за глобалните трендови во борбата против корупцијата, промените во донаторските стратегии и влијанието на геополитичките промени, вклучително и процесот на пристапување во ЕУ. Подетални информации за програмата може да се најдат во Агендата. Настанот се организира во рамки на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)”, финансиран од Европската Унија. ???? Настанот ќе се пренесува во живо преку ZOOM и Facebook.
|