Онлајн инфо сесија за Повикот за акциски грантови - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Онлајн инфо сесија за Повикот за акциски грантови PDF Печати Е-пошта
Петок, 28 Февруари 2025 12:59

Граѓанскиот ресурсен центар ќе одржи онлајн информативна сесија за Повикот за акциски грантови со кои ќе бидат поддржани граѓански организации кои ќе предложат активности поврзани со локалните избори 2025 година.

obuka mer 1 MCMS

Информативната сесија ќе се одржи на 4 март 2025 година во 11 часот на платформата Зум. Заинтересираните можат да се пријават најдоцна до 3 март и да се регистрираат на следниот линк https://rcgo.mk/vesti/povik-za-akciski-grantovi-za-poddrshka-na-lokalnite-izbori-2025/

Целта на повикот е да ги зајакне граѓанските организации во нивното активно учество и ангажираност за инклузивни, транспарентни и отчетни локални избори со фокус на учеството на жените, младите и маргинализираните групи.

Рокот за поднесување на апликација е четврток, 10 април 2025 година, најдоцна до 17:00 часот (македонско време) преку е-пошта на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Вкупниот фонд за акциските грантови  е 110.000 евра. Ќе бидат одобрени 11 грантови. Секој поединечен грант ќе биде во износ од 9.000 до 10.000 евра, а треба да биде спроведен во период од 9 до 12 месеци.

Секое дополнително прашање поврзано со повикот може да се достави на следнава е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со назнака: Прашање за повик со референтен број 08-20/1-2025, најдоцна до 20 март 2025 г. до 17:00 часот (македонско време).


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Онлајн инфо сесија за Повикот за акциски грантови