Барометар за еднакви можности 2023 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Барометар за еднакви можности 2023 PDF Печати Е-пошта
Четврток, 23 ноември 2023 15:50

Презентација: Prezentacija na podatocite od Barometarot za ednakvi moznosti.pdf
PDF Македонски: Barometar_za_ednakvi_moznosti-MK.pdf
PDF English: Barometar_za_ednakvi_moznosti_-ENG.pdf
PDF Albanian: Barometar_za_ednakvi_moznosti_-ALB.pdf

barometar2023Дискриминацијата како глобален феномен има негативен ефект врз сите аспекти од животот на човекот. Таа води кон исклучување, маргинализација и дехуманизација. Од таа причина начелото на еднаквост и недискриминација претставуваат камен-темелник на основните права предвидени во меѓународното право и пресликани во националните правни системи. Националната правна рамка за заштита од дискриминација, предводена од Законот за спречување и заштита од дискриминација од 2020 година, ги уредува и заштитните механизми од оваа негативна појава.

Релевантни институции кои имаат правно дефинирана надлежност во областа на заштита од дискриминација и остварување на правото на еднаквост се: Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Народниот правобранител, Уставниот суд, судовите, правниот застапник за еднакви можности на жените и мажите и инспекторатите.Дискриминацијата како глобален феномен има негативен ефект врз сите аспекти од животот на човекот. Таа води кон исклучување, маргинализација и дехуманизација. Од таа причина начелото на еднаквост и недискриминација претставуваат камен-темелник на основните права предвидени во меѓународното право и пресликани во националните правни системи.

Националната правна рамка за заштита од дискриминација, предводена од Законот за спречување и заштита од дискриминација од 2020 година, ги уредува и заштитните механизми од оваа негативна појава. Релевантни институции кои имаат правно дефинирана надлежност во областа на заштита од дискриминација и остварување на правото на еднаквост се: Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Народниот правобранител, Уставниот суд, судовите, правниот застапник за еднакви можности на жените и мажите и инспекторатите.Искуството, не само во земјава туку и во Европската Унија, покажува дека повикувањето на еднакви права и усвојувањето закони за нивно промовирање и заштита не е доволно да се осигури дека сите во практиката уживаат еднакви можности.

Таквите искуства во земјава поттикнаа иницијативи за посеопфатна борба против дискриминацијата. Во согласност со новиот пристап беа спроведени четири истражувања на јавното мислење во периодот од 2009 до 2023 година. Целта на овие истражувања, меѓу другото, е да се дадат емпириски податоци за перцепцијата и за искуствата на граѓаните и граѓанките на полето на дискриминацијата и поддршка на мерките за борбата против дискриминацијата, воопшто. Следењето на овие трендови во јавноста истовремено претставува корисна алатка која помага да се добие увид во нив, не само кај општата туку и кај стручната јавност која се занимава со овие предизвици.Првото истражување од овој вид се реализираше во април 2009 година, пред донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација (во натамошниот текст: Законот) и затоа претставува основа за компарација на перцепцијата, ставовите, знаењето и свеста за дискриминацијата и нееднаквоста во домашната јавност во однос на сознанијата што ги донесоа следниве три истражувања спроведени во 2013, 2018 и во 2023 година.

Резултатите од последните три истражувања ги одразуваат промените по донесувањето на Законот и неговото спроведување.Треба да се напомене дека поради различниот методолошки пристап на истражувањата можностите за компаративна анализа беа ограничени. Во истражувањето од 2013 година како метод за собирање податоци бил употребен „интервју по телефон”, за разлика од теренските истражувања во 2009, 2018 и во 2023 година, во кои бил употребен методот„лице в лице“ во домот на испитаникот.

Исто така, во истражувањето од 2013 година биле направени промени во редоследот и во текстот на прашалникот (за повеќе детали видете Прилог 1. Методологија применета во истражувањата). Поради недостапноста на базата на податоци од анкетата спроведена во 2013 година, на некои места во извештајот се прикажани само споредби меѓу резултатите од анкетите од 2009, 2018 и од 2023 година.Во овој извештај се анализирани наодите од анкетата „Барометар за еднакви можности“, 1 „Службен весник на РСМ“ број 258/2020 од 30.10.2020 година која беше спроведена по четврти пат во периодот мај/јуни 2023 година.

Компаративната анализа на резултатите од четирите истражувања овозможува увид во правецот и во интензитетот на промените во перцепцијата, ставовите, знаењето и во свесноста за дискриминацијата и нееднаквоста во земјава во периодот од 2009 до 2023 година. Во извештајот се анализираат одговорите на испитаниците/чките за седум основи на дискриминација: пол, етничка припадност, религија или уверување, возраст, попреченост, сексуална ориентација и политичка припадност.Извештајот го илустрира и интензитетот на промени до кои дошло во периодот опфатен со истражувањата од 2009 до 2023 година и ги идентификува точките каде што отпорите за промени се најочигледни.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Барометар за еднакви можности 2023