За речиси две третини од предлог-законите нема консултативен процес на ЕНЕР |
![]() |
![]() |
![]() |
Среда, 17 мај 2023 12:11 | |||
МЦМС и Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) го објавија извештајот „Огледало на Владата“ за 2022 година во кој се следи и анализира Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk ). Во 2022 година 37% од предлог-законите усвоени на Влада и доставени до Собрание биле објавени на ЕНЕР. Со Извештајот се констатира влошена состојбата во споредба со претходните години (41% во 2021г. и 49,6% во 2019г.). Министерствата не ги објавуваат поголемиот дел од предлог-законите на ЕНЕР. Во 2022 година Владата поднела вкупно 65 предлог-закони до Собранието за кои што имала обврска да ги стави на ЕНЕР. За 24 од нив (37%) претходно бил објавен текстот на нацрт-законот на ЕНЕР. Заради ова, на јавноста и била скратена можноста да се информира за содржината на предлог-законите. Што се однесува до минималниот периодот за коментирање од 20 дена, тој е испочитуван од министерствата за сите 24 предлог-закони.
Алармантни се и резултатите кои покажуваат заобиколување на консултативниот процес преку изборот на предлагачи. Вкупно 86 од предложените 191 закон (45%) се на предлог на пратениците. Собранието на Република Северна Македонија не спроведува консултативен процес за предлог-закони кои се на предлог на пратеници и овластени предлагачи на закони. Така, за значаен процент од предлог-законите се оневозможуваат консултациите со засегнатите страни и подлежат исклучиво на законодавна постапка за донесување на закони. Имајќи го предвид ова, закони кои се од суштинско значење за правното опкружување може да бидат изгласани без јавноста да биде консултирана. МЦМС веќе 10 години ја следи отвореноста на процесите на подготовка на закони. Подготовката на овој Извештај е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ кој е финансиран од Европската Унија. Покрај годишните извештаи, редовно се објавуваат и недел-ни и месечни прегледи. Целта е да се подобри информираноста на граѓаните и граѓанските организации и да се поттикнат да учествуваат во раните фази на подготовката на законите.
|