Регионален форум: „Пристап до услуги за време на пандемијата COVID-19, со посебен фокус на маргинализираните групи“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионален форум: „Пристап до услуги за време на пандемијата COVID-19, со посебен фокус на маргинализираните групи“ PDF Печати Е-пошта
Среда, 27 април 2022 17:57

Со задоволство ве покануваме на регионалниот форум: „Пристап до услуги за време на пандемијата COVID-19, со посебен фокус на маргинализираните групи“. Форумот ќе се одржи онлајн на 29 април 2022 година, во 11:00 часот.

Banner april

Овој регионален форум има за цел да обезбеди преглед на пристапот до услуги за маргинализираните групи за време на пандемијата COVID-19 на Балканот, истакнувајќи ја улогата на засегнатите страни и споделување на најдобрите практики на ГО во врска со оваа тема.

Форумот е организиран во рамките на регионалниот проект „Поттикнување регионална соработка и политички одговори во време на криза“ имплементиран од Партнери Албанија за промени и развој, Македонски центар за меѓународна соработка, Центар за граѓански иницијативи, Центар за развој на невладини Организации, граѓански иницијативи и Фондација за граѓанско општество на Косово. Проектот е финансиран од Балканскиот труст за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд од САД и УСАИД.

Исто така, имајте предвид дека преводот ќе биде обезбеден на албански и српски јазик.

За да учествувате на форумот, ве молиме регистрирајте се до 28 април 2022 година на следниот линк: https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZwrceihqzMuGNaB-Qyzhqi-ryeOxaJLT08t 

Потврда за регистрацијата и Zoom линкот ќе бидат испратени до сите регистрирани учесници пред настанот.

Aгенда на Форумот

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Регионален форум: „Пристап до услуги за време на пандемијата COVID-19, со посебен фокус на маргинализираните групи“