Регионален форум: „Пристап до услуги за време на пандемијата COVID-19, со посебен фокус на маргинализираните групи“ |
E mërkurë, 27 prill 2022 17:57 | |||
Со задоволство ве покануваме на регионалниот форум: „Пристап до услуги за време на пандемијата COVID-19, со посебен фокус на маргинализираните групи“. Форумот ќе се одржи онлајн на 29 април 2022 година, во 11:00 часот. Овој регионален форум има за цел да обезбеди преглед на пристапот до услуги за маргинализираните групи за време на пандемијата COVID-19 на Балканот, истакнувајќи ја улогата на засегнатите страни и споделување на најдобрите практики на ГО во врска со оваа тема. Форумот е организиран во рамките на регионалниот проект „Поттикнување регионална соработка и политички одговори во време на криза“ имплементиран од Партнери Албанија за промени и развој, Македонски центар за меѓународна соработка, Центар за граѓански иницијативи, Центар за развој на невладини Организации, граѓански иницијативи и Фондација за граѓанско општество на Косово. Проектот е финансиран од Балканскиот труст за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд од САД и УСАИД. Исто така, имајте предвид дека преводот ќе биде обезбеден на албански и српски јазик. За да учествувате на форумот, ве молиме регистрирајте се до 28 април 2022 година на следниот линк: https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZwrceihqzMuGNaB-Qyzhqi-ryeOxaJLT08t Потврда за регистрацијата и Zoom линкот ќе бидат испратени до сите регистрирани учесници пред настанот.
|