Регионален форум Човекови права и пристап до информации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионален форум Човекови права и пристап до информации PDF Печати Е-пошта
Петок, 08 јули 2022 10:24

Со задоволство ве каниме на регионалниот форум “Човекови права и пристап до информации”. Регионалниот форум ќе се одржи онлајн на 14ти јули 2022.

Human rights and access to information

Форумот има за цел да даде преглед и да ја истакне важноста на улогата на човековите права и пристапот до информации за време на пандемии, истакнувајќи ги правните аспекти за овозможување на такви активности, како и споделување на најдобри практики на ГО поврзани со темата. 

Овој форум е организиран во рамките на регионалниот проект „Поттикнување на регионална соработка и одговори на ниво на политики во време на криза“ спроведуван од Партнерс Албанија за промени и развој, Македонски центар за меѓународна соработка, Центар за граѓански иницијативи, Центар за развој на невладини организации, Граѓански иницијативи и Фондација за граѓанско општество на Косово. Проектот е финансиран од Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States и УСАИД. 

На настанот се очекуваат претставници на граѓанските организации, јавните институции, приватниот сектор, донаторите, академската заедница и медиумите. 

Ве молиме имајте предвид дека преводот ќе биде обезбеден на англиски, албански, македонски, српски и босански јазик. 

Ве молиме регистрирајте се за учество на форумот најдоцна до 12 јули 2022 година. 

Потврда за учество и линк до ЗООМ ќе биде испратен до сите регистрирани учесници на настанот. 

АГЕНДА

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Регионален форум Човекови права и пристап до информации