Регионален форум Човекови права и пристап до информации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионален форум Човекови права и пристап до информации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 08 korrik 2022 10:24

Со задоволство ве каниме на регионалниот форум “Човекови права и пристап до информации”. Регионалниот форум ќе се одржи онлајн на 14ти јули 2022.

Human rights and access to information

Форумот има за цел да даде преглед и да ја истакне важноста на улогата на човековите права и пристапот до информации за време на пандемии, истакнувајќи ги правните аспекти за овозможување на такви активности, како и споделување на најдобри практики на ГО поврзани со темата. 

Овој форум е организиран во рамките на регионалниот проект „Поттикнување на регионална соработка и одговори на ниво на политики во време на криза“ спроведуван од Партнерс Албанија за промени и развој, Македонски центар за меѓународна соработка, Центар за граѓански иницијативи, Центар за развој на невладини организации, Граѓански иницијативи и Фондација за граѓанско општество на Косово. Проектот е финансиран од Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States и УСАИД. 

На настанот се очекуваат претставници на граѓанските организации, јавните институции, приватниот сектор, донаторите, академската заедница и медиумите. 

Ве молиме имајте предвид дека преводот ќе биде обезбеден на англиски, албански, македонски, српски и босански јазик. 

Ве молиме регистрирајте се за учество на форумот најдоцна до 12 јули 2022 година. 

Потврда за учество и линк до ЗООМ ќе биде испратен до сите регистрирани учесници на настанот. 

АГЕНДА

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Регионален форум Човекови права и пристап до информации