Регионален форум „Ефикасноста и отпорноста на младите за време на пандемијата КОВИД-19: Денешна перспектива во Западен Балкан” |
Среда, 22 јуни 2022 11:04 | |||
Со задоволство ве покануваме на регионалниот форум „Ефикасноста и отпорноста на младите за време на пандемијата КОВИД-19: Денешна перспектива во Западен Балкан”. Форумот ќе се одржи онлајн на 24 јуни 2022 година. Целта на форумот е да се даде преглед на улогата на младите во време на пандемија истакнувајќи ги правните аспекти за овозможување на младински активности. На форумот граѓанските организации ќе ги споделат најдобрите практики на солидарност поврзани со прашањето. Форумот, исто така, ќе се осврне на состојбата на меѓусекторската координација за вклучување на различни засегнати страни. Конечно, на Форумот ќе бидат предложени препораки за политики за решавање на проблемите и намалување на ефектите од пандемијата врз младите. Овој форум е организиран во рамките на регионалниот проект „Поттикнување на регионална соработка и одговори на ниво на политики во време на криза“ спроведуван од Партнерс Албанија за промени и развој, Македонски центар за меѓународна соработка, Центар за граѓански иницијативи, Центар за развој на невладини организации, Граѓански иницијативи и Фондација за граѓанско општество на Косово. Проектот е финансиран од Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States и УСАИД. На настанот се очекуваат над 100 учесници од Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, вклучувајќи претставници на граѓански организации, регионални мрежи, меѓународни организации, академската заедница, приватниот сектор, медиумите, релевантните државни институции и други релевантни чинители. Ве молиме имајте предвид дека преводот ќе биде обезбеден на англиски, македонски, албански, српски и босански јазик. За да учествувате на форумот, ве молиме регистрирајте се до 23 јуни 2022 година на следниот линк: https://us02web.zoom.us/j/87467005005 Линк до онлајн форумот ќе биде испратен до пријавените учесници.
|