„Родум од Македонија“ ги носи новите студенти од македонската дијаспора |
Четврток, 26 мај 2022 16:13 | |||
По две години пауза предизвикана од пандемијата на Ковид-19, оваа година повторно ќе биде спроведуван проектот „Родум од Македонија“. Студентите од македонската дијаспора ќе престојуваат и ќе извршуваат пракса во Скопје и за прв пат во Битола. Затоа, МЦМС и Алијансата на организации од Битола ги покануваат семејствата од Скопје и Битола да бидат домаќини и да го отворат својот дом за тринеделен престој на студенти од македонската дијаспора во периодот од 1 јули до 22 јули 2022 година. Сместувањето во семејства ќе им овозможи да бидат во допир со нашата култура, да се запознаат со нашето секојдневие и да создадат трајни пријателства. Покрај тоа, за време на престојот младите ќе извршуваат практична работа во соодветни институции во Скопје и Битола. Потребните услови кои секое семејство треба да ги исполнува се наведени во Документот за согласност кој може да го видите на следниот линк. За сместување на студентите е предвиден паричен надомест од 100 американски долари како симболична поддршка за семејствата домаќини. „Родум од Македонија“ е дел од глобалниот проект „The Macedonian Heritage Village“, што го спроведува Обединета македонска дијаспора (ОМД). Оваа програма се организира по шести пат. По успешните пет години, кога можноста ја искористија четворица студенти во првата година, шест во втората, осум во третата, пет во четвртата и шест во петта година, интересот на студентите од дијаспората постојано расте. Доколку би сакале вашето семејство да биде домаќин на некој од студентите, пријавeте се на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите за семејства од Скопје и на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите за заинтересирани семејства од Битола, најдоцна до 20 јуни 2022 година. За сите дополнителни информации може да не контактирате на тел. 072 226-144.
|