Пријавете се на повикот за две летни школи за млади - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Пријавете се на повикот за две летни школи за млади PDF Печати Е-пошта
Петок, 20 мај 2022 16:10

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) најавува две летни школи на темите: човекови права, недискриминација, еднаквост и толеранција кои ќе се одржат во јули и во септември оваа година. Повикот за пријавување е отворен до 10 јуни 2022 година.

povik za letna skola

Главна цел на летните школи е да се зголеми знаењето и искуството на младите во областите на човековите права и заштита на човековите права на национално и регионално ниво, механизмите за заштита од дискриминација, еднаквост и толеранција. Со нив ќе се подигне свеста на учесниците за појавите и ефектите од дискриминација и за бенефитите од мултикултурното општество. На овој начин ќе се креира критична маса на идни млади активисти и практичари.

Првата летна школа ќе биде организирана во периодот од 30 јуни до 3 јули 2022 година, а втората од 1 до 4 септември 2022 година во Охрид и/или Струга. Точната локација ќе биде дополнително договорена. Летните школи им се наменети на студентите, младите професионалци и активисти, младите од Северна Македонија на возраст од 18 до 30 години со интерес во дадените теми. Можност за учество ќе имаат вкупно 40 учесници.

Повеќе информации за пријавувањето погледнете во огласот.

Летните школи се дел од проектот „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“, кој го спроведува МЦМС, а финансиски е поддржан од Европската Унија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Пријавете се на повикот за две летни школи за млади