Повик за учесници за две летни школи за млади на тема човекови права, недискриминација, еднаквост и толеранција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за учесници за две летни школи за млади на тема човекови права, недискриминација, еднаквост и толеранција PDF Печати Е-пошта
Четврток, 19 мај 2022 14:56

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во 2022 година почна да го спроведува проектот „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“, финансиран од Европската Унија.

Главната цел на проектот е да допринесе кон зајакнување на институционалниот одговор за борба против дискриминацијата и неправедниот третман кон маргинализира-ните групи и граѓани. Во проектот, борбата против дискриминацијата ја согледуваме од два аспекта: прво, преку добро поставени и подготвени институции за брз одговор кон распространетата дискриминација, и второ, преку зголемена граѓанска свест (граѓани, граѓански здруженија, медиуми, итн.) за еднаквост и  недискриминација. Овие два аспекта се тесно поврзани и испреплетени - зајакнувањето на институциите ќе ја зголеми довербата на граѓаните и охрабри да го кренат својот глас пред неправдите и обратно, притисокот кој доаѓа од страна на граѓаните ќе влијае да имаме институции кои постојано ќе се подобруваат и соодветно ќе реагираат. 

povik za letna skola

Цели и задачи на летните школи

Главна цел на летните школи е да се зголеми знаењето и искуството на младите во областите на човековите права и заштита на човековите права на национално и регионално ниво, механизмите за заштита од дискриминација, еднаквост и толеранција. Предвидените летни школи  имаат за задача да ја подигнат свеста на учесниците за појавите и ефектите од дискриминација и бенефитите од мултикултурното општество во насока на креирање на критична маса на идни млади активисти и практичари. Специфични цели на летните школи се: 

  • Подобрување на знаењата во доменот на основни човекови права, механизмите за заштита на човековите права и односите меѓу различни групи на граѓани;
  • Подобрување на вештините за ефикасно препознавање на клучните предизвици во областа на заштита на човековите права, антидискриминацијата (не)толеранцијата на национално ниво и граѓански активизам;
  • Зголемување на свесноста на младите  за прашањата кои се однесуваат на еднаквоста (родовата еднаквост, социјалната еднаквост и итн.) почитувањето на различностите и слично.  

Предавачи на летните школи ќе бидат универзитетски професори и граѓански активисти со повеќе од 15 години искуство работа со млади и граѓански активизам на посочените теми. Членовите на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација ќе бидат вклучени во реализацијата на летните школи во дел од планираните сесии. Работниот јазик ќе биде македонски со можност за превод на албански. 

Времетраење и временски распоред

Ќе се организираат две летни школи, прв термин од 30 јуни до 3 јули 2022 година и втор термин од 1 до 4 септември 2022 година во Охрид и/или Струга. Точната локација ќе биде дополнително договорена. 

Целна група

Студенти, млади професионалци и активисти, млади од Северна Македонија на возраст од 18 до 30 години со интерес во дадените теми. Вкупно ќе се селектираат 40 учесници кои ќе се поделат по 20 учесници распоредени во еден од термините за реализација на летните школи наведени погоре. 

Начин на пријавување и селекција на учесници

Сите заинтересирани можат да се пријават пополнувајќи пријава за учество која е достапна на следниот линк: bit.ly/3sKknWh

Рокот за пополнување на пријавата за учество е до 10 ти јуни 2022 година. 

Селекцијата ќе се изврши врз основа на следниве критериуми:

  • Да се млади на возраст од 18 до 30 години жители на Северна Македонија;
  • Да се во можност да учествуваат за целото времетраење на летната школа;
  • Да покажат интерес за темите и лична мотивација (преку писмо на мотивација);
  • Да достават комплетна документација (целосно пополнет формулар за учество). 

Забелешка: во изворот ќе се земат предвид и следниве аспекти: родова, етничка, и географска застапеност. 

Трошоци

Трошоците за транспорт, сместување и храна за учесниците, како и трошоците за работни материјали ги сноси МЦМС. За учесниците кои успешно ќе ја завршат летната школа ќе се доделат сертификати. 

Лице за контакт: Фанија Ивановска, е- пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Повик за учесници за две летни школи за млади на тема човекови права, недискриминација, еднаквост и толеранција