Регионален форум „Одговорот и приспособливоста на граѓанските организации на COVID-19“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионален форум „Одговорот и приспособливоста на граѓанските организации на COVID-19“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 28 март 2022 11:14

Со задоволство ве покануваме на регионалниот форум „Одговорот и приспособливоста на граѓанските организации на COVID-19“. Форумот ќе се одржи онлајн на 29 март 2022 година. 

Baner II Regional Online Forum

Овој форум е организиран во рамките на регионалниот проект „Поттикнување на регионална соработка и одговори на ниво на политики во време на криза“ спроведуван од Партнерс Албанија за промени и развој, Македонски центар за меѓународна соработка, Центар за граѓански иницијативи, Центар за развој на невладини организации, Граѓански иницијативи и Фондација за граѓанско општество на Косово. Проектот е финансиран од Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States и УСАИД. 

Целта на регионалниот форум е да даде преглед на моменталната ситуација во ЕУ, нагласувајќи го влијанието, клучните прашања и предизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации и улогата на релевантните засегнати страни, за да се претстават главните предизвици на полето на соработката помеѓу владите и граѓанските организации за време на пандемијата и да ги споделат најдобрите практики на ГО на темата. Конечно, на овој форум ќе бидат предложени препораки за политики за институциите и засегнатите страни во решавањето на проблемите и влијанието на пандемиски/кризни ситуации.

На настанот се очекуваат над 100 учесници од Република Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, вклучувајќи претставници на граѓански организации, регионални мрежи, меѓународни организации, академската заедница, приватниот сектор, медиумите, релевантните државни институции и други релевантни чинители. 

Ве молиме имајте предвид дека преводот ќе биде обезбеден на англиски, македонски, албански, српски и босански јазик. 

За да учествувате на форумот, ве молиме регистрирајте се до 28 март 2022 година на следниот линк: https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZwvd-ivqD8qH9fbe0rz2-TaCQUR4eiw4GIM 

Линк до онлајн форумот ќе биде испратен до пријавените учесници.

АГЕНДА

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Регионален форум „Одговорот и приспособливоста на граѓанските организации на COVID-19“