Регионален форум „Одговорот и приспособливоста на граѓанските организации на COVID-19“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионален форум „Одговорот и приспособливоста на граѓанските организации на COVID-19“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 28 mars 2022 11:14

Со задоволство ве покануваме на регионалниот форум „Одговорот и приспособливоста на граѓанските организации на COVID-19“. Форумот ќе се одржи онлајн на 29 март 2022 година. 

Baner II Regional Online Forum

Овој форум е организиран во рамките на регионалниот проект „Поттикнување на регионална соработка и одговори на ниво на политики во време на криза“ спроведуван од Партнерс Албанија за промени и развој, Македонски центар за меѓународна соработка, Центар за граѓански иницијативи, Центар за развој на невладини организации, Граѓански иницијативи и Фондација за граѓанско општество на Косово. Проектот е финансиран од Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States и УСАИД. 

Целта на регионалниот форум е да даде преглед на моменталната ситуација во ЕУ, нагласувајќи го влијанието, клучните прашања и предизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации и улогата на релевантните засегнати страни, за да се претстават главните предизвици на полето на соработката помеѓу владите и граѓанските организации за време на пандемијата и да ги споделат најдобрите практики на ГО на темата. Конечно, на овој форум ќе бидат предложени препораки за политики за институциите и засегнатите страни во решавањето на проблемите и влијанието на пандемиски/кризни ситуации.

На настанот се очекуваат над 100 учесници од Република Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, вклучувајќи претставници на граѓански организации, регионални мрежи, меѓународни организации, академската заедница, приватниот сектор, медиумите, релевантните државни институции и други релевантни чинители. 

Ве молиме имајте предвид дека преводот ќе биде обезбеден на англиски, македонски, албански, српски и босански јазик. 

За да учествувате на форумот, ве молиме регистрирајте се до 28 март 2022 година на следниот линк: https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZwvd-ivqD8qH9fbe0rz2-TaCQUR4eiw4GIM 

Линк до онлајн форумот ќе биде испратен до пријавените учесници.

АГЕНДА

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Регионален форум „Одговорот и приспособливоста на граѓанските организации на COVID-19“