Петнаесет акции против последиците од Ковид-19 |
Вторник, 31 август 2021 13:48 | |||
Македонскиот центар за соработка (МЦМС) ја објави публикацијата „Одговор на потребите на граѓаните погодени од Ковид-19“ која содржи 15 успешни акции против Ковид-19, спроведени од граѓански организации добитници на Ад-хок грантови на програмата Цивика мобилитас. Во центарот на постигнувањата се луѓето: жени и деца жртви на насилство, работниците, учениците соочени со проблемите за пристап до образование, младите, воспитувачите, сиромашните и маргинализирани по различни основи итн., сите сериозно погодени од пандемијата. Ад-хок грантовите претставуваа итна реакција за граѓаните на кои им беше потребна помош за време на првиот Ковид бран во земјава. Година-и-пол подоцна се уште трае борбата со Корона вирусот, но оваа публикација со успешни акции, може да биде мотивација за позитивно дејствување за секоја организација. Публикацијата прочитајте ја ТУКА. Ад-хок грантовите на Цивика мобилитас за справување со пандемијата Ковид-19 беа доделени во април 2020 година во вкупна вредност од 1,426,431 МКД.
|