Петнаесет акции против последиците од Ковид-19 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Петнаесет акции против последиците од Ковид-19 PDF Print E-mail
Tuesday, 31 August 2021 13:48

Македонскиот центар за соработка (МЦМС) ја објави публикацијата „Одговор на потребите на граѓаните погодени од Ковид-19“ која содржи 15 успешни акции против Ковид-19, спроведени од граѓански организации добитници на Ад-хок грантови на програмата Цивика мобилитас.

241125729 3607064279519368 8019599365465973541 n

Во центарот на постигнувањата се луѓето: жени и деца жртви на насилство, работниците, учениците соочени со проблемите за пристап до образование, младите, воспитувачите, сиромашните и маргинализирани по различни основи итн., сите сериозно погодени од пандемијата.

Ад-хок грантовите претставуваа итна реакција за граѓаните на кои им беше потребна помош за време на првиот Ковид бран во земјава. Година-и-пол подоцна се уште трае борбата со Корона вирусот, но оваа публикација со успешни акции, може да биде мотивација за позитивно дејствување за секоја организација. 

Публикацијата прочитајте ја ТУКА.

Ад-хок грантовите на Цивика мобилитас за справување со пандемијата Ковид-19 беа доделени во април 2020 година во вкупна вредност од 1,426,431 МКД.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Петнаесет акции против последиците од Ковид-19