Проценка на корисниците за влијанието на Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Проценка на корисниците за влијанието на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Петок, 28 мај 2021 19:25

Цивика мобилитас е првата програма во РС Македонија, но и во Европа на која ќе биде спроведена Проценка на корисниците (ПК).

BA 1 1536x1152

Станува збор за уникатен и иновативен процес кој ги вклучува граѓаните и граѓанските организации, односно корисниците на Цивика мобилитас. Нивните оценки ќе бидат собирани преку интервјуа, фокус групи и директно набљудување. Анализите на одговорите ќе покажат дали и во која мера Цивика мобилитас имала  влијание врз општествените промени. Информациите на терен ќе ги собираат околу 80 граѓански набљудувачи, а самото прибирање информации ќе трае околу еден месец.

Структурата на Проценката на корисници функционира независно, надвор од програмскиот тим што ги спроведува активностите. На овој начин се елиминира влијанието на спроведувачите и се обезбедува објективност на оценката. Покрај граѓанските набљудувачи, во структурата се вклучени и ко-фасилитатори, и национален фасилитатор. Цивика мобилитас избра осум ко-фасилитатори кои, заедно со граѓанските набљудувачи, ќе ги покријат сите осум плански региони.

Покрај влијанието на општествените промени, Проценката на корисниците ќе се фокусира и на научените лекции од помагањето на граѓанските организации да работат поефективно со своите корисници и на начините за комуникација меѓу Цивика мобилитас и граѓанските организации со нивните корисници, како и нивната ефективност. Спроведувањето на целиот процес на Проценка ќе овозможи да се тестира методологијата која подоцна може да се користи од граѓанските организации за спроведување на нивни проценки на корисниците.

BA 2 1152x1536

Досега се одржаа три обуки за ко-фасилитаторите на кои тие се запознаа со концептот на Проценка на корисниците, принципите и стандардите. Зборуваа и за тоа кои се всушност корисниците и кои би биле клучните прашања кон нив. Потоа им беа презентирани техниките и алатките за прибирање на податоци.

Национален фасилитатор за Проценката на корисниците е Лилјана Алчева. Таа ја постави методологијата за работа,  ќе ги  координира ко-фасилитаторите и ќе го води и надгледува процесот собирање податоци, подготовка и потврда на извештајот. 

Резултатите од анализата за Проценка на корисниците, се очекува да бидат доставени до Цивика мобилитас во октомври 2021 година.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Проценка на корисниците за влијанието на Цивика мобилитас