Новите грантисти во главно ќе влијаат на локалните политики |
E premte, 31 korrik 2020 10:38 | |||
Комисијата за избор на грантови ги оцени 56-те концепти кои организациите ги поднесоа во четвртиот круг од повикот за мали грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02). Избраните 11 грантисти ќе работат на зголемување на учеството на граѓаните, а особено на младите, во локалните политики, а исто така ќе работат на поголема соработка меѓу граѓанските организации со единиците на локалната самоуправа. Покрај тоа, тие ќе ја подигнат свеста за пчелите и ќе создадат градини кои привлекуваат пчели, ќе работат на зголемување на понудата за еко туризам преку зголемување на младинската вработеност, ќе помогнат да се сведат на минимум неискористените јавни објекти, а ќе одржат и инклузивен драмски перформанс. Дел од организациите препознале дека последиците од КОВИД кризата допрва ќе ги чувствуваме во сите сфери на општеството. Затоа нивните активности ќе се однесуваат на изработка на општинска стратегија за справување со здравствени закани, преглед на фискалните опции на општините за справување со ефектите од КОВИД-19, како и административна и логистичка поддршка на граѓаните кои се затекнати во други држави. Добитници на мал грант се следните организации:
Акциите на новите грантисти ќе се однесуваат на миграција, децентрализација, транспарентност, лица со посебни потреби, развој на граѓанското општество, животна средина, добро владеење и владеење на правото. Проектите ќе се спроведуваат во Струмица, Неготино, Скопје, Прилеп, Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Маврово и Ростуша и Струга. Четири од поддржаните проекти ќе се спроведуваат на национално ниво. Вкупниот буџет на поддржаните акции во овој квартал изнесува 3.584.300 денари. Повикот за аплицирање за мали грантовиостанува отворен до 30 јуни 2022 г. Концептите може да бидат доставени во кое било време до овој датум. Комисијата за избор на малите грантови ќе носи одлуки на квартално ниво.
|