Голем број заинтересирани за новите акциски грантови |
Петок, 21 Февруари 2020 10:48 | |||
Околу 80 претставници на граѓанските организации ги проследија трите информативни сесии за повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас кои се одржаа на 13 и 14 февруари 2020 година во просториите на МЦМС. Тие слушнаа повеќе за повикот, за тоа какви активности се очекуваат од организациите, за типот на трошоци кои можат да бидат финансирани, за содржината на пријавата и сл. Тимот на Цивика мобилитас детално ја објасни постапката за аплицирање и содржината на пријавата. Учесниците имаа можност да ги разјаснат нивните недоумици и на самото место да добијат одговори на конкретните прашања во врска со програмата и повикот. Прашањата најчесто се однесуваа на буџетот и кои се подобни трошоци; каде во буџетот треба да се прикажат трошоците за волонтери, експерти и хонорари; дали е дозволена соработка со бизнис секторот; која е разликата меѓу партнерите и соработниците; подобноста за аплицирање на новосоздадените организации, како и за подобноста на конкретни специфични активности. Дел од прашањата беа одговорени на информативната сесија, а останатите ќе бидат одговорени и објавени на е-платформата на Цивика мобилитас. Повикот за акциски грантови беше отворен на 3 февруари. Рокот за поднесување на пријавите е 3 март 2020 година. За прашања поврзани со повикот, организациите можат да контактираат со канцеларијата на Цивика мобилитас најдоцна до 22 февруари 2020 година на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Предложените активности треба да траат најмалку 12, а најмногу 24 месеци. Големината на грантовите ќе биде помеѓу 1.000.000 и 1.800.000 денари, а расположливиот вкупен износ за повикот е 18 милиони денари. Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.
|