Цивика мобилитас ги промовираше првите 27 грантисти - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Цивика мобилитас ги промовираше првите 27 грантисти PDF Печати Е-пошта
Среда, 10 јули 2019 12:38

Цивика мобилитас на 9 јули 2019г.,  во х. Арка во Скопје ги промовираше новите акциски и институционални грантисти. Амбасадорката на Швајцарија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада им ги врачи сертификатите на грантистите. Таа им порача дека тие се сржта на програмата бидејќи се главните актери кои ја креираат и придонесуваат за промените во општеството.

akt

Вкупно 12 организации добија акциски грантови наменети за поддршка на граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности со вкупен буџет од речиси 21 милион денари. Планираните активности кои ќе ги спроведуваат се во секторите на здравје и здравствена заштита, демократија, информации и комуникации, лица со посебни потреби, животна средина, човекови права, владеење на правото и родови прашања.

ins

На настанот се промовираа и новите 15 институционални грантисти чиј буџет изнесува над 66 милиони денари. Овие организации се активни на полињата на информации, комуникации и медиуми; човекови права; развој на граѓанското општество; владеење на правото; антикорупција; ЛГБТИ; добро владеење; животна средина; и деца, млади и студенти.

Организациите добитници се од Скопскиот, Вардарскиот, Полошкиот, Источниот, Североисточниот и Југозападниот регион.

Новата поддршката за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество преку програмата Цивика мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) започна во јануари 2019 година и ќе трае до декември 2022 година. Буџетот на програмата изнесува околу шест милиони швајцарски франци.

 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Цивика мобилитас ги промовираше првите 27 грантисти