Цивика мобилитас ги промовираше првите 27 грантисти |
E mërkurë, 10 korrik 2019 12:38 | |||
Цивика мобилитас на 9 јули 2019г., во х. Арка во Скопје ги промовираше новите акциски и институционални грантисти. Амбасадорката на Швајцарија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада им ги врачи сертификатите на грантистите. Таа им порача дека тие се сржта на програмата бидејќи се главните актери кои ја креираат и придонесуваат за промените во општеството. Вкупно 12 организации добија акциски грантови наменети за поддршка на граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности со вкупен буџет од речиси 21 милион денари. Планираните активности кои ќе ги спроведуваат се во секторите на здравје и здравствена заштита, демократија, информации и комуникации, лица со посебни потреби, животна средина, човекови права, владеење на правото и родови прашања. На настанот се промовираа и новите 15 институционални грантисти чиј буџет изнесува над 66 милиони денари. Овие организации се активни на полињата на информации, комуникации и медиуми; човекови права; развој на граѓанското општество; владеење на правото; антикорупција; ЛГБТИ; добро владеење; животна средина; и деца, млади и студенти. Организациите добитници се од Скопскиот, Вардарскиот, Полошкиот, Источниот, Североисточниот и Југозападниот регион. Новата поддршката за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество преку програмата Цивика мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) започна во јануари 2019 година и ќе трае до декември 2022 година. Буџетот на програмата изнесува околу шест милиони швајцарски франци.
|