Зголемени активности за подобрување на транспарентноста на државите од регионот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Зголемени активности за подобрување на транспарентноста на државите од регионот PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 10 јуни 2019 12:45

Проверете го новото издание на билтенот за антикорупција и добро владеење на Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа – СЕЛДИ.

seldi 45 web

Од вестите во регионот, за периодот април- мај, можете да прочитате повеќе за зголемена транспарентност во финансирање на политичките партии во Албанија и Косово, законот за укажувачи и проверка на имотните листови во БиХ, настанот на СЕЛДИ,  новата база на функционери промовирана од РАИ, градот Бјеловар- првиот целосно транспарентен град во Хрватска итн..

Покрај вестите од регионот, проверете ги неодамнешните извештаи и анализи кои се однесуваат на Демократија без институции- новиот пронајдок на Балканот, за политиките на интегритет и анализа на правната рамка за финансирање на политичките партии и кампања.

Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС.

Програмата е финансирана од Европската Унија.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Зголемени активности за подобрување на транспарентноста на државите од регионот