Која алатка е најефикасна во борбата против корупцијата? - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Која алатка е најефикасна во борбата против корупцијата? PDF Печати Е-пошта
Четврток, 25 април 2019 13:21

Колку е важно доследно да се спроведат антикорупциските реформи? Какво влијание имаат тие врз обичниот граѓанин? Одговорите во ова видео ќе ви ги даде Марко – административен службеник кој поради сплет на околности и желба за поудобен живот потклекна на искушението да побара мито на своите клиенти. Погледнете како се расветли неговиот случај. 

UNKAK i nejziniot mehanizam za revizija se mokjni alatki dostapni na gragjanskoto opshtestvo

Конвенцијата на Обединетите нации против корупција (УНКАК) е најопширниот и најуниверзалниот документ во доменот на корупцијата. Заедно со нејзиниот механизам за ревизија се моќни алатки достапни на граѓанското општество. Тие се основа за граѓаните и здруженијата да ги држат владите одговорни за нивните антикорупциски заложби.

Оваа Конвенција е ратификувана од 186 држави, меѓу кои и Македонија во 2007 година. Таа утврдува заеднички стандарди, политики, процеси и практики што ги поддржуваат антикорупциските напори на национално ниво. Поддржува реформи, нуди поткрепа за промени и ја олеснува меѓународната соработка така што ги усогласува правните и институционалните рамки за спроведување закони и воспоставување механизми за соработка.

Во Македонија во тек е спроведувањето на втората фаза од процесот на ревизија.

Видеото е подготвено во рамки на проектот „Следење на антикорупциските реформи“, кој го спроведува МЦМС во соработка со БЦСДН, а финансиски е поддржан од Европската комисија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Која алатка е најефикасна во борбата против корупцијата?