Која алатка е најефикасна во борбата против корупцијата? |
E enjte, 25 prill 2019 13:21 | |||
Колку е важно доследно да се спроведат антикорупциските реформи? Какво влијание имаат тие врз обичниот граѓанин? Одговорите во ова видео ќе ви ги даде Марко – административен службеник кој поради сплет на околности и желба за поудобен живот потклекна на искушението да побара мито на своите клиенти. Погледнете како се расветли неговиот случај. Конвенцијата на Обединетите нации против корупција (УНКАК) е најопширниот и најуниверзалниот документ во доменот на корупцијата. Заедно со нејзиниот механизам за ревизија се моќни алатки достапни на граѓанското општество. Тие се основа за граѓаните и здруженијата да ги држат владите одговорни за нивните антикорупциски заложби. Оваа Конвенција е ратификувана од 186 држави, меѓу кои и Македонија во 2007 година. Таа утврдува заеднички стандарди, политики, процеси и практики што ги поддржуваат антикорупциските напори на национално ниво. Поддржува реформи, нуди поткрепа за промени и ја олеснува меѓународната соработка така што ги усогласува правните и институционалните рамки за спроведување закони и воспоставување механизми за соработка. Во Македонија во тек е спроведувањето на втората фаза од процесот на ревизија. Видеото е подготвено во рамки на проектот „Следење на антикорупциските реформи“, кој го спроведува МЦМС во соработка со БЦСДН, а финансиски е поддржан од Европската комисија.
|