Топ тема на ваша страна пример за самоодржлива ТВ програма - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Топ тема на ваша страна пример за самоодржлива ТВ програма PDF Печати Е-пошта
Среда, 19 декември 2018 17:20

„Во САД ја цениме улогата на проверка и балансирање што ја имаат медиумите со истражувањата, известувањата и поставувањето прашања поврзани со управувањето на државата. Навистина, силните медиуми се наоѓаат во срцето на нашата демократија“, рече Микаела Швајцер- Блум, вршител на должност амбасадор на САД, за време на денешното одбележување на завршувањето на проектот на УСАИД „Топ тема на ваша страна“.

DSC 0451 2

Пред присутните се обрати и главниот уредник на Телма Телевизија, Атанас Кировски, кој говореше за стремежот програмата да понуди нов квалитет и друга димензија во медиумскиот простор. Како најпрепознатливи сегменти од програмата ги посочи истражувањата на јавното мнение со кои се демонстрираа трендовите кај електоратот, а потоа и двонасочната комуникација со публиката, таунхол дебатите и жешкото столче. Тој ја истакна синергијата со граѓанскиот сектор како важна предиспозиција за дебата базирана на факти.

Покрај тоа, на настанот беа доделени и наградите од четвртиот, последен конкурс за граѓански новинари, кој се однесуваше на темите култура, туризам, спорт и инфраструктура. На последниот конкурс пристигнаа 57 пријави, а вкупно досега конкурирале 151 пријави.

DSC 0395 2

Во категоријата фотографија или видео, првата награда ја доби Влатко Делов за делото „Време во кое базените немаат иднина“, второто место припадна на групата граѓански новинари- Гоце Ангелески, Гоце Трајкоски и Јосиф Трајкоски за делото „Моменталните услови за младите да го искористат својот спортски потенцијал и изгубената спортска традиција“, а третата награда ја доби Љупчо Илиевски за делото „Алтернативен туризам“. Во оваа категорија пофалници добија Арбнора Мехмети за фотографија на тема туризам и Константин Карев за репортажа на тема инфраструктура.

Во категоријата за истражувачки стории првата награда и припадна на Јелена Панчевска за сторијата „Што знае женско за спорт?“, втората награда ја доби Весна Кираџиева за „Атлетска Федерација на Македонија со диктаторско раководство“ и третата награда ја доби Симона Џуковска за делото „(Не)организација на тетовските гробишта“. Пофалници добија Елена Ѓорѓиевска за „Новите спортски трендови – опасни за спортистите“ и Јасмина Осифесо за „Туристички водичи – да се преброиме!“.

DSC 0368 2

Јелена Панчевска, во име на добитниците, го изрази задоволството од тоа што конечно се третираат теми кои што се од суштинско значење, а кои често медиумите ги запоставуваат. Како што вели и почетокот на нејзината сторија: „Каков е спортот во една држава, таква е и државата“, па драго и е што голем дел од наградените ја обработуваат темата спорт и се надева дека тоа ќе ги поттикне медиумите да посветат поголемо внимание на ова прашање.

 

УСАИД преку две-годишна соработка ја поддржа Телма ТВ и МЦМС при што се воведоа нови форми на известување и дебатирање кои вклучија прашања на граѓаните пратени преку социјалните медиуми, дебати од градовите низ целата земја и употребата на истражувања за важни општествени теми итн. Топ тема на ваша страна ќе продолжи со емитувањето на Телма ТВ и по завршувањето на поддршката од УСАИД.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Топ тема на ваша страна пример за самоодржлива ТВ програма