Јасмина Ристовска - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јасмина Ристовска PDF Печати Е-пошта
Вторник, 25 септември 2018 14:54

jrsЈасмина Ристовска, Соработник на проект
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+389 2 3065 381

Родена на 26.08.1981 година во Скопје. Дипломира на Економски факултет во Скопје во 2005 година. Во 2013 година станува магистер по економски науки, насока Финансиски менаџмент, на Економски институт, Скопје.

По краткото работно искуство во Маркетинг агенцијата Дивајн, од март 2006 година се вработува во Министерството за финансии како службеник за финансиски работи, во Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД). Секторот има улога на договорно тело, акредитирано од страна на службите на Европската комисија за спроведување на тендерски постапки, склучување на договори, финансиско управување и плаќање, како и за следење на имплементацијата на проектите финансирани од Инструментот за претпристапна помош, во рамки на децентрализиран систем на управување со помошта. Во Секторот вклучена е во сите фази на проектен циклус, и работи на спроведување на договори за градежни работи, услуги, набавки, твининг и договори за грант (грантови шеми и директни грантови). До април 2018 година работи на позиција Советник за децентрализирано финансиско спроведување на проекти финансирани од ИПА, и е одговорна за сигурно финансиско управување и контрола на проектите, во надлежност на ЦФЦД.

Од мај 2018 година се вработува МЦМС во Одделението за граѓанско општество и демократизација како Координатор на програмата Регионална мрежа за антикорупција.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Јасмина Ристовска